ЗА НАС
Создаваме успешна средина и ја развиваме компанијата во добро познат и сигурен партнер, со одличен експертски тим и силно портфолио во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан.
ПРОЕКТИ
Консалтинг за стратешки развој испорачува широка лепеза услуги со цел исполнување на нашата мисија - да се создадат услови за успешен демократски напредок на луѓето и заедниците.
ПУБЛИКАЦИИ
Ги поддржуваме принципите на интегритет, квалитет и општествена одговорност. Го разменуавме она што го учиме. Имаме репутација на компанија која преведува добри идеи во акција и акција во резултати.
Нашите проекти
Консалтинг за стратешки развој беше ангажиран за спроведување на консултантски ангажман во рамките на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“, односно изработка на родово одговорни локални младински стратегии во четири општини кои притоа ќе обезбедат инклузивен, партиципативен пристап кој ги рефлектира различните потреби на различните популации на млади луѓе.
Консалтинг за стратешки развој како локален партнер одговорен за Република Македонија во соработка со CARE Balkans која е носител на проектот и партнерските организации од регионот: LINK од Босна и Херцеговина), ENECA од Република Србија) и Tehnopolis од Црна Гора, работи на спроведување на регионалниот проект Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан (EWI).
Главна цел на проектот „Организациска поддршка за зајакнување на локалната демократија“е зајакнување на користењето на механизмите на директната демократија за граѓанско учество на локално ниво. Консалтинг за стратешки развој преку низа истражувачки и партиципативни активности ќе направи анализата на овие механизми.
Консалтинг за Стратешки развој во наредниот четиригодишен период (2022-2026) ќе го имплементира проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“. Целта на проектот е да се обезбеди поддршка на одреден број на организации за поддршка на бизнисите со цел да ги подобрат своите услуги кон микро, малите и средни претпријатија.
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕВАЛУАЦИЈА „ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО“ЗА АНГАЖМАНОТКонсалтингот за Стратешки Развој како подизведувач и локален партнер на “IMPAQ International”, а за потребите на УСАИД обезбеди експертска и логистичка поддршка во спроведување на евалуација на “Проектот на УСАИД за граѓанско учество”. Целта на евалуацијата е да се анализира ефикасноста на граѓанските организации поддржани…
Обезбедување поддршка oд локална компанија за спроведување на стратегијата на УСАИД ЗА АНГАЖМАНОТПреку новата Стратегија на УСАИД за развој и соработка со Република Северна Македонија 2021-2025 година, УСАИД е целосно посветена да продолжи со поддршката за државата и ќе соработува со локални чинители кои ќе бидат парнери на УСАИД и ќе ја водат и финансираат оддржливата…
Сектори во кои работиме
- Добро управување и децентрализација
- Локален економски развој
- Родова еднаквост
Зошто да нè контактирате
- Успешно спроведени десетици проекти во областите во кои делуваме и соработка со многубројни институции, донатори и организации во земјата и во странство;
- Експертски тим кој се стреми да создаде услови за успешен демократски напредок на луѓето и заедниците;
- Спроведување на активностите преку партиципативен метод при што клиентот е вклучен во процесот и има директен увид во промените за да може независно да ја продолжи работата и да донесе информирани одлуки по завршувањето на нашите задачи.



