• Македонски
  • English
  • Shqip

Инклузивни Бизниси

ПРОЕКТ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ БИЗНИСИ ВО МУЛТИЕТНИЧКИ СРЕДИНИ

Времетраење на проектот: јуни 2014 - април 2016

Целни региони: Полошкиот и североисточниот регион, Република Македонија


 КРАТОК ПРЕГЛЕД НА ПРОЕКТОТ

Активностите се фокусираат на воспоставување почетни бизниси во два рурални мултиетнички региони во Република Македонија –полошкиот и североисточниот регион. Севкупната цел е да се подобрат деловните пракси кај целните групи во двата региони и да се обезбедат долгорочни решенија за одржлив деловен раст и развој. Проектот се состои од две проектни компоненти: компонента која се фокусира на работа на теренот и компонента која се фо- кусира на институционалната надградба.

РАБОТА НА ТЕРЕНОТ

Оваа компонента претставува програма на активности за идентификување на повеќе различни бизнис идеи и неформални економски иницијативи кај целните групи во двата региони и истата треба да обезбеди пакет услуги за корисниците на проектот.

Опсегот на услуги ќе се состои од:

  • развивање на бизнис идеја во бизнисплан;
  • поддршка за маркетинг на производи и услуги;
  • помош во развивањето нови производи и услуги;
  • овозможување пристап до локалните, регионалните и националните пазари.

Истата компонента треба да обезбеди помош за развивањето финансиски планови за отпочнување на бизнисите и деловна издржливост во првите 3-5 години на работа. Широк спектар на стратешки ресурси ќе би- дат обезбедени со цел деловните можности во раната фаза да бидат успешни, како на пример: инкубација, стратешки деловни совети и менторство, микрофинансирање, поддршка поврзана со индустријата и др. Целата оваа поддршка треба да доведе до формално регистрирање на бизнисите во сопственост на млади луѓе и жени и треба да обезбеди здрава основа за солидни вработувања во руралните области.

ИНСТИТУЦИОНАЛНО НАДГРАДУВАЊЕ

Втората компонента од проектот всушност треба да ја консолидира постоечката поддршка за почетните бизниси обезбедена од националните институции. Во таа смисла проектот ќе ги разгледа постоечките мерки и механизми за деловна поддршка, развиени од националните институции за надминување на сиромаштијата и зголемување на вработеноста во земјата. Посебно внимание ќе се посвети на искористеноста на мерките и механизмите за деловна поддршка од страна на населението во руралните области. Ќе бидат организирани презентации на мерките и дискусии со цел да се рашират информациите за постоечките мерки во руралните области, заедно со детални информации за мерките што се применуваат, административните услови и потребната документација за да се дојде до мерките за поддршка. Исто така проектот ќе ги разгле- да и можните тесни грла и ограничувања со кои се соочуваат луѓето во руралните области кога се обидуваат да дојдат до постоечките мерки. Проектот потоа ќе направи анализа и преглед на актуелните ограничувања и истите ќе ги достави до националните институции како повратна информација. За таа цел проектот ќе соработува и ќе воспостави партнерства со локалните и регионалните бизнис институции и организации што нудат услуги и заеднички ќе ги разгледаат препораките и решенијата коишто би требало да го олеснат одржливиот развој на бизнисите во руралните области.


 Проектот го спроведува:

 Консалтинг за стратешки развој - Проектна канцеларија,

бул. „Партизански одреди“, бр.43А, 1/1/11 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон: + 389 (0)2 3119 107

www.sdc.com.mk

Проектот е поддржан од Британската Aмбасада во Скопје