• Македонски
  • English
  • Shqip

Правна и административна помош

КАКВa Правна и административна помош НУДИ ПРОЕКТОТ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ БИЗНИСИ ВО МУЛТИЕТНИЧКИ СРЕДИНИ?

Ако сте почетник во бизнис светот, сигурно се запрашувате кои се правните и административни форми на регистрација во Република Македонија,  кои се нивните главни карактеристики и постапките за упис. Во Република Македонија вашиот бизнис можете да го регистрирате како: индивидуален земјоделец, занаетчија, самостоен вршител на дејност, трговец поединец и трговско друштво. Краток опис за секоја правна форма на дејност како и постапката за регистрација која ќе ви биде од помош може да најдете подоле.

Индивидуален земјоделец е физичко лице на кого земјоделската дејност му е единствено занимање и кoe остварува приход по основа на вршење на земјоделска дејност.

Карактеристики:

  • нема почетен капитал
  • одговара со цел свој имот
  • има можност за мирување на дејност под одредени услови
  • има можност за паушално одданочување за приход до  300.000 денари годишен приход
  • под одредени услови со 80% нормирани трошоци
  • може да вработува ограничено
  • ниска или 0 фирмарина

Потребни документи за регистрација:

  1. Барање за упис во регистарот на индивидуални земјоделци
  2. Доказ за државјанство
  3. Доказ за правниот основ за користење на капацитетите
    – нотарски заверен документ за користење земјиште под наем или
    – имотен лист за сопственост
  4. Доказ дека не е запишан во трговски регистар
  5. Доказ дека не е изречена мерка безбедност забрана за вршење дејност со правосилна пресуда
  6. Доказ дека нема неподмирено даночни обврски од Управа за јавни приходи

Постапката за упис:

Постапката за упис во Централен регистар на РМ се одвива преку едношалтерски систем.

Лицата треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство каде ќе го поднесат барањето за упис во регистарот на индивидуални зејмоделци заедно со сите потребни документи.

Подрачната единица по службена должност ја поднесува севкупната документација до Централен регистар на РМ.

По завршување на постапката за регистрација, документите треба да се заверат кај нотар.

Занаетчија е физичко лице кое врши занаетчиска дејност и е запишан во занаетчиски регистар.

Карактеристики:

  • лична правна форма на бизнис
  • нема почетен капитал
  • има ниски или 0 ден. трошоци за регистрација
  • одговара со цел свој имот
  • има можност за мирување на дејност под одредени услови
  • може да води едноставна евиденција
  • може да вработува до 20 работници
  • фирмарина 2400 мкд

Потребни документи за регистрација:

  1. Доказ за стручно образование (оригинал или заверено кај нотар)
  2. Работна книшка
  3. Здравствена книшка
  4. Лична карта (фотокопија)
  5. Слика

Постапката за упис:

Постапката за упис во Централен регистар на РМ се одвива преку едношалтерски систем.

Лицата треба да се пријават во Регионалната Занаетчиска Комора, каде ќе го поднесат барањето за упис во регистарот на занаетчии заедно со сите потребни документи. Комората на занаетчии по службена должност ја поднесува севкупната документација до Централен регистар на РМ со цел издавање на решение за регистрација.

Карактеристики:

  • лична правна форма на бизнис
  • нема почетен капитал
  • ниски или 0 дентрошоци за регистрација
  • одговара со цел свој имот
  • има можност за мирување на дејност под одредени услови
  • може да води едноставна евиденција
  • може да вработува ограничено
  • ниска или 0 фирмарина

Трговецот-поединец е физичко лице кое во вид на занимање врши некоја од трговските дејности определени со   Законот за трговските друштва.

Карактеристики:

  • лична правна форма на бизнис
  • нема почетен капитал
  • ниски или 0 ден трошоци за регистрација
  • одговара со цел свој имот 
  • води сметководство како и Трговските друштва 
  • може да вработува
  • фирмарина 2400 мкд

Трговско Друштво (ТД) е форма на организирање на стопанска активност заради произведување на производи и услуги наменети за пазарот, а со цел остварување профит. Истото може да биде: Друштво со ограничена одговорност  (ДОО) или ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност на едно лице)

ДОО е трговско друштво во кое содружниците влегуваат со по еден влог (основен влог) во однапред договорена основна главнина која друштвото ќе ја има. Карактеристично за овој вид друштва е тоа што содружниците не одговараат за обврските на друштвото, и нивниот дел од основачкиот влог може да биде различен во форма и големина. Вакво друштво може да основа и еден содружник и тогаш тоа трговско друштво се нарекува ДООЕЛ.

Карактеристики: ;

  • не е лична правна форма на бизнис
  • дозволува повеќе лица да бидат сопственици
  • има 5000 евра почетен капитал -  во пари или ствари
  • може да вработува, има многу обврски окулу донесување Акти, Правилници, Систематизации, Одлуки и сл.
  • фирмарина 7000 мкд + за секоја подружница * 2000 мкд