• Македонски
  • English
  • Shqip

Развој на производи

Развој на производи И ОЧЕКУВАЊАТА НА КУПУВАЧИТЕ 

Развојот на нови производи е долг, комплексен и најчесто скап процес. Тоа е комплетен процес кој ги подразбира сите фази од целосно воведување на новиот производ на целниот пазар. Успешен процес на развивање на нов производ во начело инволвира два големи и паралелни аспекти и тоа:

- маркетинг истражување и анализа на пазарот – разбирање на пазарот и

- дизајнирање и развивање на нов производ, негово производство и комерцијализација.

Купувачите на глобалните пазари имаат определени минимални очекувања кои мора да се исполнат доколку малиот бизнис сака да ги продава своите производи на тој пазар. 

Дизајн на производ– купувачите очекуваат: 
  • уникатен и иновативен производ,
  • функционален (а помалку декоративен),
  • производ да биде дизајниран во согласност со правилата на односниот пазар, а тие се однесуваат на големината, користените материјали итн.
Цената на производ – купувачите очекуваат: 
  • цени кои се конкурентни со споредливи производи на нивниот пазар,
  • цени кои одговараат на квалитетот и дизајнот на производ,
  • цени кои се стабилни и нема да се менуваат често и драматично.
Квалитет на производ – купувачите очекуваат: 
  • добар квалитет на производот (изработка, боја, големина и дизајн)
  • постојаност на квалитетот, која е најголем предизвик за малите бизниси, особено кога станува збор за поголеми количини.
Испорака– купувачите очекуваат: 
  • испораката да биде организирана од страна на вашиот бизнис,
  • испораката да биде на време и да бидат исполнети договорените рокови,
  • испораката да биде квалитетна, што значи квалитетен транспорт и адекватно пакување кое ќе оневозможи уништување на пратката.
Поддршка за купувачите и логистика (Customer service)– купувачите очекуваат: 
  • постојана комуникација и поддршка која треба да биде брза и јасна и ќе овозможува ефикасно решавање на можните проблеми