• Македонски
  • English
  • Shqip

Обука од областа на финансиски менаџмент и маркетинг

За работилницата ќе се комбинираат модули и содржини од областа на финансискиот менаџмент и маркетинг од следниве теми:

  1. Разработка на Маркетинг Микс – учесниците да ги разберат основните концепти и да состават свој маркетинг план;
  1. Промоција и продажба – учесниците да се запознаат со најчесите видови на промоција и продажба и да разработат своја стратегија за најсоодветна промоција преку комбинирање на рекламирање, односи со јавност, лична продажба, продажна промоција и директен маркетинг; Со оглед на корисниците кои ги имаме во предвид, би сакале да се стави посебен акцент или осврт на директен маркетинг како и современите трендови кај истиот;
  1. Пресметка и утврдување на продажна и производствена цена – секој учесник да разработи свој пресметковен план (cost/price/profit)
  1. Техники на преговарање и управување со мал микробизнис или некоја друга соодветна тема како пазари и дистрибуција, вештини на продажба.