• Македонски
  • English
  • Shqip

Менторска поддршка

   ЗОШТО МЕНТОРСKA ПОДДРШКА ?

Менторството се покажало како многу практичен начин да се помогне на новите бизниси во првиот период по нивното формирање. Стопанствениците на малите/микро претпријатија најчесто имаат повеќе улоги во бизнисот, како производители, продавачи, сметководители и др, затоа е  многу значајно да добијат и употребат надворешни совети кои би им помогнал  да расте нивниот бизнис.

Менторите може најдобро да помогнат да расте бизнисот како и да се зајакнат претприемачките вештини на основачите на бизнисите. Тие имаат улога на еден водич за новите стопанственици на кои им овозможуваат да научат од нивното искуство и знаење кое не би можеле да го добијат само во работилници/ училници.

Инклузивни бизниси oбезбедува менторска програма која има за цел да ги изгради вештините на претприемачите кои преку проектот за поддршка на бизниси имаат изработено бизнис план и  се во првата фаза по формализација на нивните бизниси.

Менторската поддршка  ги насочува  успешно  да се прилагодат и да одговорат на потребите на пазарот и пазарните законитости.   Таа е прилагодена според потребите на корисниците и ги опфаќа областите на маркетинг и продажба, брендирање, мегународни стандарди за квалитет и друго.

Проект за воспоставување бизниси во мултиетнички средини нуди поддршка во: маркетинг и продажба, развој на производи и техничко - технолошка поддршка. Краток опис за секоја менторска подрршка може да најдете подоле.

Што е маркетинг? Процес на препознавање на потребите и желбите на потрошувачите и нивно задоволување преку создавање на проивод / услуга, негова дистрибуција и размена на задоволство на инволвираните страни. 

Основни цели: да се задоволи потребата на потрошувачот и да се остварат целите на продавачот (профит)

Повеќе

Развојот на нови производи е долг, комплексен и најчесто скап процес. Тоа е комплетен процес кој ги подразбира сите фази од целосно воведување на новиот производ на целниот пазар. Успешен процес на развивање на нов производ во начело инволвира два големи и паралелни аспекти и тоа:

- маркетинг истражување и анализа на пазарот – разбирање на пазарот и

- дизајнирање и развивање на нов производ, негово производство и комерцијализација.

Повеќе

Donec ullamcorper nulla non metus auctor fringilla. Vestibulum id ligula porta felis euismod semper. Praesent commodo cursus magna, vel scelerisque nisl consectetur. Fusce dapibus, tellus ac cursus commodo. Donec ullamcorper nulla non metus auctor fringilla. Vestibulum id ligula porta felis euismod semper. Praesent commodo cursus magna, vel scelerisque nisl consectetur. Fusce dapibus, tellus ac cursus commodo.Donec ullamcorper nulla non metus auctor fringilla. 

Повеќе