• Македонски
  • English
  • Shqip

Финансиска поддршка – Грант програма

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА – ГРАНТ ПРОГРАМА

При планирање за започнување или проширување на бизнис треба да се планира и како ќе се финансира истиот. Некогаш сопствениците  имаат некоја лична заштеда, некои планираат да ги позајмат од блиските или роднините, или пак се одлучуваат да аплицираат во некоја банка или штедилница.  Но за старт уп - ите е особено тешко да одговорат на условите кои ги поставуваат банките или другите институции кои обезбедуваат кредити за бизниси. 

За да ги олесни почетните потешкотии, проектот обезбедува финансиска поддршка за нови бизниси , мали грантови како поддршка во фазата на вопоставување односно заживување на бизнисот. Овие средства се наменети за оперативно започнување на бизнисот пред и во текот на првите три месеци од регистрацијата.  

Во почетокот на 2015-та година проектот има доделено 48 гранта за корисниците кои успешно го заокружија бизнис планирањето со соодветно финализиран бизнис план и одлучија да ги регистрираат своите бизниси.