• Македонски
  • English
  • Shqip

Бизнис планирање

     Зошто  бизнис план?

Бизнис планот е еден пишан документ според кој се гради бизнисот. Во бизнис планот се објаснува идејата за бизнисот, деталите за производството, персоналот и контролните механизми.

Финансискиот дел ги презентира финансиските извештаи, планираните приходи и трошоци, деталите за позајмици и инвестиции.

Подготовката на бизнис планот

Подготовката на бизнис планот е една од најважните задачи кога се почнува сопствен бизнис. Додека се подготвува бизнис планот  ќе произлегуваат прашања или проблеми на кои никогаш не сте помислувале. Ако истите проблеми не се разгледуваат на време тие може во иднина да предизвикаат сериозни проблеми.

Кога веќе бизнис планот е направен, вие подобро ќе можете да ги сфатите можностите и слабите точки на бизнисот. Добриот подготвен бизнис план не е совршен метод за успех, но се очекува дека следејќи ги насокиите при подготовка на бизнис план, вашиот бизнис ќе има подобра шанса за успех.

Бизнис планирањето ги опфаќа следните теми:

Определување на цели

Која е Вашата цел - како би ја опишале дејноста со која сакате да се занимавате во иднина?  Кои се Вашите краткорочни и долгорочни цели - како би ги опишале задачите кои сакате да ги остварите во иднина?

SWOT анализа

Компоненти на SWOT анализата: јаките страни, слабите страни, можностите и заканите. Јаките страни (Strengths) се под контрола на претприемачот и тие се случуваат во сегашноста. Слабите страни (Weaknesses) се под контрола на претприемачот и тие се случуваат во сегашноста. Можностите (Opportunities) се позитивни и поволни фактори од опкрожувањето кои што претприемачот треба да ги искористи или кои би можеле неговата проектна идеа да ја направат потенцијално остварлива. Заканите (Threats) се негативни и неповолни надворешни фактори во опкрожувањето и вообичаено се надвор од контролата на претприемачот.

Финансиска анализa

- Историски финансиски податоци
- Изјава за извори и намена на фондовите за финансирање
- Анализа на чувствителност
- Оцена на ризик и контрола