• Македонски
  • English
  • Shqip

Помош за бизниси и фирми

КАКВов вид на помош за бизниси и фирми НУДИ ПРОЕКТОТ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ БИЗНИСИ ВО МУЛТИЕТНИЧКИ СРЕДИНИ?

Проектот за воспоставување бизниси во мултиетнички средини нуди разновидни мерки за  помош за бизниси и фирми во два рурални мултиетнички региони во Република Македонија – полошкиот и североисточниот регион. Проектот се состои од две проектни компоненти: компонента која се фокусира на работа на теренот и компонента која се фокусира на институционалната надградба.

Проектот за воспоставување бизниси во мултиетничките средини нуди пакет услуги каде краток опис за секоја услуга може да најдете подолу.

Пакет-услугите за корисниците на проектот нудат помош за бизниси и фирми, поддршка за жени и млади, мерки за отворање нова фирма, самовработување, социјални бизниси, поддршка за микробизниси, инклузивни бизниси како и поддршка за нови бизниси во полошкиот и североисточниот регион, бизниси во мултиетнички средини вклучувајќи ги следниве услуги:

  • развивање на бизнис идеја во бизнис план
  • правна и административна помош
  • менторска поддршка
  • финансиска поддршка - грант програма

БИЗНИС ПЛАН

Бизнис планот е еден пишан документ според кој се гради бизнисот. Во бизнис планот се објаснува идејата за бизнисот, деталите за производството, персоналот и контролните механизми. Подготовката на бизнис планот е една од најважните задачи кога се почнува сопствен бизнис. Кога веќе бизнис планот е направен, вие подобро ќе можете да ги сфатите можностите и слабите точки на бизнисот. Добриот подготвен бизнис план не е совршен метод за успех, но се очекува дека следејќи ги насоките при подготовка на бизнис план, вашиот бизнис ќе добие подобра шанса за успех.

ПРАВНА И АДМИНИСТРАТИВНА ПОМОШ

Ако сте почетник во бизнис светот, сигурно се запрашувате кои се правните форми на регистрација во Република Македонија,  кои се нивните главни карактеристики и постапките за упис. Во оваа ситуација вие имате потреба од правна и административна помош. Во Република Македонија вашиот бизнис можете да го регистрирате како: индивидуален земјоделец, занаетчија, самостоен вршител на дејност, трговец поединец и трговско друштво.

МЕНТОРСКА ПОДДРШКА

Менторската поддршка се покажала како многу практичен начин за помош за бизниси и фирми во првиот период по нивното формирање. Стопанствениците на малите/микро претпријатија најчесто имаат повеќе улоги во бизнисот, како производители, продавачи, сметководители и др, затоа преку нашата поддршка за микробизниси  сопствениците ќе ги добијат потребните совети за раст на нивниот бизнис. Менторската поддршка ги насочува  успешно  да се прилагодат и да одговорат на потребите на пазарот и пазарните законитости. Таа е прилагодена според потребите на корисниците и ги опфаќа областите на маркетинг, продажба, брендирање, мегународни стандарди за квалитет и друго. Проект за воспоставување бизниси во мултиетнички средини нуди менторска поддршка во: маркетинг и продажба, развој на производи и техничко - технолошка поддршка.

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА - ГРАНТ ПРОГРАМА

При планирање за започнување или проширување на бизнис треба да се планира и како ќе се финансира истиот. Некогаш сопствениците  имаат некоја лична заштеда, некои планираат да ги позајмат од блиските или роднините, или пак се одлучуваат да аплицираат во некоја банка или штедилница со цел да обезбедат финансиска поддршка.  Но за старт уп - ите е особено тешко да одговорат на условите кои ги поставуваат банките или другите институции кои обезбедуваат кредити за бизниси. 

За да ги олесни почетните потешкотии, проектот обезбедува финансиска поддршка ,мали грантови како помош за бизниси и фирми и поддршка во фазата на вопоставување односно заживување на бизнисот. Овие средства се наменети за оперативно започнување на бизнисот пред и во текот на првите три месеци од регистрацијата.  

Во почетокот на 2015-та година проектот има доделено 24 гранта за корисниците кои успешно го заокружија бизнис планирањето со соодветно финализиран бизнис план и одлучија да ги регистрираат своите бизниси.

Бизнис планот е еден пишан документ според кој се гради бизнисот. Во бизнис планот се објаснува идејата за бизнисот, деталите за производството, персоналот и контролните механизми.

Финансискиот дел ги презентира финансиските извештаи, планираните приходи и трошоци, детали за позајмици и инвести.

Повеќе

Ако сте почетник во бизнис светот, сигурно се запрашувате кои се правните форми на регистрација во Република Македонија,  кои се нивните главни карактеристики и постапките за упис. Во Република Македонија вашиот бизнис можете да го регистрирате како: индивидуален земјоделец, занаетчија, самостоен вршител на дејност, трговец поединец и трговско друштво.

Повеќе

Менторството се покажало како многу практичен начин да се помогне на новите бизниси во првиот период по нивното формирање. Стопанствениците на малите/микро претпријатија најчесто имаат повеќе улоги во бизнисот, како производители, продавачи, сметководители и др, затоа е  многу значајно да добијат и употребат надворешни совети кои би им помогнал  да расте нивниот бизнис.

Повеќе

При планирање за започнување или проширување на бизнис треба да се планира и како ќе се финансира истиот. Некогаш сопствениците  имаат некоја лична заштеда, некои планираат да ги позајмат од блиските или роднините, или пак се одлучуваат да аплицираат во некоја банка или штедилница.  Но за старт уп - ите е особено тешко да одговорат на условите кои ги поставуваат банките или другите институции кои обезбедуваат кредити за бизниси. 

Повеќе